• Fri. Nov 22nd, 2024

РКЕ: Мало намалување на цените на нафтените деривати

ByЃ. K.

Oct 30, 2023

Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат во просек за 0,98% во однос на одлуката од 27 октомври. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,504%, кај дизелот за 1,498%, кај екстра лесното масло за 3,794% и кај мазутот намалувањето е за 2,993%. 

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: за еуросупер БС 95 – 81,5 денари за литар, за еуросупер БС 98 – 83,5 денари за литар, еуродизел 81,5 денари за литар, масло за горење ЕЛ-1 – 81 денари/литар и мазут М-1 НС – 46,291 денари/килограм.

Новите цени ќе важат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија.

By Ѓ. K.