• Mon. Nov 25th, 2024

РКЕ донесе одлука, поевтинуваат бензините

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1,95 отсто.

Така, цените на еуросупер-95 и еуросупер-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58, односно 60 денари.

Цената на еуродизел горивото се намалува за еден денар, па литар дизел ќе чини 49,50 денари.

За околу еден денар се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот.

Од комисијата истакнуваат дека намалувањето е во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *