Жирито на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ што по 28. пат се одржува во Струмица, во состав Драшко Зидар, актер од Република Хрватска, минатогодишен лауреат на фестивалот и Тодор Кузманов и Гоце Ристовски по опсежна анализа на секое актерско остварување поединечно во потесниот избор за наградата ги вклучи остварувањта на актерите:
Танкица Стојанова
Кети Дончевска Илиќ
Горан Илиќ
Александра Пешевска
Сашо Ристовски
Сашка Димитровска
Атанас Атанасовски и
Магдалена Ризова Черних
Жирито донесе едногласна
ОДЛУКА
Наградата за најдобро актерско остварување на 28. ФКТ Ристо Шишков, што се одржа во Струмица од 8 до 13 септември 2020 година се доделува на актерката Александра Пешевска за улогата Кејт во претставата „Телефонот на мртовецот“ од Сара Рул, во продукција на театарот од Куманово во режија на Александар Ивановски.
Александра Пешевска во оваа ролја манифестира суперироно актерско мајсторство со изразени психолошки валери, уверливо досегнувајќи ја зоната на внатрешна чувствителност, креирајќи сложен но стамен лик распнат низ бурните времиња на човековото опстојување, лик што кореспондира со филозофијата на Исус а кој живее овде до нас, со нас и во нас.
Струмица, 13. 09 2020
Жири:
Драшко Зидар
Тодор Кузманов
Гоце Ристовски