Ристоманов влегува во советот во Ново Село, Велков во Босилово-„Стига е“ засега со двајца советници во општинските совети. Костадин Ристоманов, носител на советничката листа во Ново Село и Стојанчо Велков, носител на советничката листа во Босилово.
Во општина Струмица бавно се обработуваат податоците и засега не се знае дали ќе има уште еден советник, претставник на „Стига е“.
Информацијата ја потврди Костадин Ристоманов, кој рече дека утре ќе имаат многу подетални податоци за освоените гласови.