• Sun. Nov 24th, 2024

Рим ќе добие жена за градоначалник

By

Jun 6, 2016 #Свет

Кандидатот на италијанското антиестаблишмент движење „Пет ѕвезди“„ Вирџинија Раџи, убедливо победи во првиот круг на изборните за нов градоначалник на Рим, освојувајќи 37 отсто од гласовите.

За втората позиција се уште се борат, во „мртва трка“ кандидатот на левоцентристичката Демократска партија на премиерот Матео Ренци и на крајната десница, со приближно освоени 22 отсто од гласовите на Римјаните.

Раџи и второпласираниот кандидат, на 19 јуни во вториот круг ќе се борат за градоначалник на „Вечниот град“.

Вчерашните делумни локални избори во Италија за градоначаници во 1.300 градови и населени места, како и за Рим, Милано, Торино и за Неапол, се смета за тест за позицијата на премиерот Ренци, пред следните парламентарни избори, предвидени за 2018 година.

Според се уште некомплетните податоци од приот круг, Демократската партија е во мала предност во Милано, пред партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, а слична состојбата и во Торинио.

Италијанските медиуми оценуваат дека главната битка сепак се води за главниот град на Италија, каде прогнозите навестуваат дека за прв пат во неговата историја Рим би можел да добие жена за градоначалник.

Тоа би значело „сериозен удар“ за владејачката левоцентристичка партија на Ренци, доколку на крајот „Пет ѕвезди“ движењето навистина победи и ја преземе контролата на италијанскиот главен град.

Движењето „Пет ѕвезди“ е создадено по избувнувањетоо на банкарската и финансиската криза во 2008 година. Неговиот лидер Бепе Грило изјави дека победата во Рим би значела силен поттик и за победа на парламентарните избори.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *