• Sat. Nov 23rd, 2024

Речиси 400 пријави за уличното осветлување до „Систем 48“ за шест месеци во Струмица

Општина Струмица информира дека во првата половина од годинава преку ,,Систем 48″ се решени 400 проблеми на граѓаните
 
За период од шест месеци до општинскиот сервис ,,Систем 48″  имало вкупно 526 пријави, од кои решени и одговорени се 400 пријави. Останатите  126  се проследени до надлежните служби и се пријави  во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. 
 
Најголем број од доставените пријави се од областа на уличното осветлување -389, од областа на собирање смет -55, водовод и канализација -35, паркови и зеленило -26 , општински инспекцисли служби -4, улици, патишта и тротоари -17 пријави. 
 
Од ,,Систем 48″ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира и да се решаваат проблемите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *