• Fri. Nov 22nd, 2024

Референдум за или против рудници во О. Босилово – До 17 часот 23,11 % излезност

До 17 часот според информациите на ОИК излезноста на референдумот во Босилово е 23,11%. Во 15 те населени места во ова општина на 19 те избирачки места, право на глас според единствениот избирачки список имаат 12 301 граѓанин

За референдумот да биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас.

Жителите на општина Босилово денеска на референдум се изјаснуваат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *