• Sat. Nov 23rd, 2024

Референдумот во Босилово против рудници неуспешен – не излегоа доволен број граѓани на изјаснување

По Валандово и референдумот во општина Босилово не го исполни законскиот цензус за да биде  успешен. Речиси на сите избирачки места во ова општина излезноста била под  50 одсто.  Дека не успеа референдумот признаа и од граѓанската иницијатива Здрава котлина кои кажаа дека ова е срам за граѓаните на општина Босилово кои не излегоа да гласат

Според првичните неофицијални информации на 19 те гласачки места во ова општина, од запишаните 12 301 жител се изјасниле само околу 40 одсто .  Првичните информации за денешниот референдум треба да ги соопшти ОИК од Босилово

Од оние што излегоа на гласачките места речиси сите  се против отварање рудници . Побараа надлежните да се размислат дали ке дадат дозвола  да проработи рудникот за бакар и злато  кај Иловица

Од граѓанската иницијатива Здрава котлина најавија дека ќе бараат ревизија на сите договори што ги има склучено Владата за издадените концесии за експлоатација

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *