• Sun. Nov 24th, 2024

Ременски-Дневниот центар за лицата со посебни потреби во Струмица со недоволен стручен кадар.

Иако сите услови во дневниот центар за лица со посебни потреби во Струмица се обезбедени, сепак најголемиот недостиг представува екипираност на стручниот тим ,кој треба да работи со лицата кои се секојдневно таму.Ова е констатацијата на министерката за труд и социјална политика Ременска која на последната посета на дневниот ценатр и центарот за социјални работи.Меѓу другото, истакна и дека недостигот на психолози,социјални работници и социолози не се потребни само во дневниот центар туку и во ценатрот за социјална работа на кој му се повеќе од потребни сртучни тимови.

Во моментов во дневниот ценатар за лица со посебни потреби има вкупно 10 лица кои се секојдневно таму.Од ресорното министерство се надеваат дека ќе се создадат сите услови за понатамошно проширување и надградба на ценатрот не само во Струмица туку воопшто во земјава.Ќе се работи на изготвување на стратегии како и на кој начин ќе се доекипираат стручните тимови со цел адекватен третман на сите лица кои ќе имаат потреба од нив.

[wpdevart_youtube]nmByaagNZ7M[/wpdevart_youtube]

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *