Струмица денеска бележи рекорден број на новорегистрирани случаи на КОВИД – 19 во Струмица. Изминатите 24 часа има нови 44 случаи.
Голем број случаи има и во Гевгелија – 18, додека во останатите градови од Југоистокот бројката на нови случаи на КОВИД – 19 е едноцифрена. Четворица во Радовиш и тројца во Гевгелија.
Во статистиките на министерството за здравство има 15 оздравени пациенти од Струмица, двајца од Радовиш и еден од Гевгелија.
Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373.