• Thu. Nov 21st, 2024

Регулација на сливно подрачје на река Струмица.

Деновиве во општина Босилово се одржа презентација на тема Регулација на сливното подрачје на река Струмица, во организација на консултантската фирма ангажирана од страна на УНДП.
На презентацијата беа анкетирани индивидуални земјоделски производители за состојбите со наводнувањето на земјоделските површини и запознаени со:
-динамиката на спроведување на овој проект,
-утврдување на проблемите и потребите на земјоделците,
-потребата од грандови,
-рационално искористување на водениот потенцијал на река Струмица,
-можности за финансирање на проект и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *