Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата!
Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.31%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.00 денари за литар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 48.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари – и еден литар 98-октански бензин ќе чини 50.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.50 денари, и еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 46.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.