• Fri. Nov 22nd, 2024

Регистрирани 1.254 нови случаи на Ковид-19, пријавено е 21 починато лице

Регистрирани 1.254 нови случаи на Ковид-19, пријавено е 21 починато лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар – 25, Неготино – 23, Кичево и Свети Николе – по 19, Охрид и Кочани – по 17, Ресен и Крива Паланка – по 12, Богданци – 9, Виница – 8, Струга – 6, Радовиш и Дебар – по 5, Делчево – 4, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3, Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 14, Кочани – 5, Богданци – 3, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 починати лица од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 починати лица од Кавадарци (64г, 72г и 87г), и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 починати лица од Прилеп (72г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *