Границите на Хрватска од вќера наутро се отворени.
Според одлуката, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје, пренесува Макфакс.
Како што информираа властите во земјата, граѓаните на земјите-членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, како и граѓани на трети земји со долгорочен престој, имаат право да влезат во Хрватска кога имаат деловни причини или економски интереси.
Право на влез во Хрватска имаат и лицата со право на престој врз основа на други директиви на ЕУ или националното право. Меѓу исклучоците на кои е дозволен влез во земјата се и оние кои патуваат поради неодложни лични причини.
Хрватска засега не размислува за воведување тестирања на границите.