• Fri. Nov 22nd, 2024

Ревизија за законот за земјоделски задруги бараат земјоделците

????????????????????????????????????

Модернизација и инвестирање во земјоделските задруги за нивна поголема привлечност и атрактивност пред членовите е заедничка цел на задругарите кои преку ресорното министерство работат на ревизија на законот. Од минситерството велат дека процесот е во тек, а сегашниот закон е многу ограничувачки.

Една од насоките кон кои се следи ревизијата на законот е изнаоѓање начин како да се пренасочат финансиските средства. Со оглед на тоа што повеќе финансиски инструменти се насочени кон набавка на механизација, сега, страните бараат начин да може да се финансираа модернизацијата преку дигитализација и оптимизација на производството.

Во досегашните мерки за развој на земјоделските задруги, министерството со 50 проценти го покрива финансирањето на менаџерите, после петта година 20 проценти зошто целта е овое здружениеја да станат самоодржувачки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *