• Fri. Nov 22nd, 2024

Реакции кај бизнис секторот во Струмица по замрзнувањето на цените

Замрзнувањето на цените на основните прехрамбени артикли од страна на Владата за добар дел од бизнис секторот била очекувана. Но сите се со резерва колку ќе успеат да издржат, пред се околу времетраењето бидејки цените на репроматријалите постојано растат. Во струмичакта Алмакс која произведува масло за јадење од сончоглед  велат дека ќе го издржат ценовниот притисок до февруари

Атанас Пишев вели дека проблем ќе биде доколку се замрзнат цените на подолг рок. Тогаа според него ќе мора да се размислува за субвенционирање во соработка со владините институциции.

Од одлуката на Владата затечени се мелничарите. Според нив нелогично е да се замрзнат цените во услови кога на пазарот се чувствува недостиг на лебно жито а цената на елетричната енергија расте. Дел од струмичките мелнички капацитет велат дека килограм пченица од Србија увезуват по 21 денар и не знаат дали ќе ги покријат роизводствените трошоци

Мелничарите преку мелничко пекарската комора ќе бараат од Владата интервенција од стоковите резерви со жито по пониска цена или пак да им се додели субвенции од 10 денари за килограм брашно. Во спротивно ќе мора да ставаат клуч на своите капацитети оти троошоците како што велаат од ден на ден им се зголемуваат

Владата вчера донесе одлука да ги замрзне цените на основните прехрамбени артикли во трговијата на мало и голмо на ниво од 1 декември и истите да бидат до 31 јануари идната година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *