• Fri. Nov 22nd, 2024

Расчинетиот Боро Милчев го лаже верниот народ дека служел со ,,дозвола” на Архиепископот

ByЃ. K.

Aug 15, 2023

Тивериопол.мк објави дека свештеникот Боро Милчев продолжил да работи и да го мами народот иако е отпаднат од Црквата. Ја пренесуваме нивната објава во целост:

„Со оглед на тоа дека многу од верните чеда од нашата епархија живеат и работат во Р. Италија, во Пјаченца, и кои особено ова лето нѐ известуваа дека се изманипулирани од расчинетиот свештеник Боро Милчев, потребно е уште еднаш да ја кажеме вистината и да ги разобличиме лагите со коишто овој човек, за жал отпаднат од Црквата, го манипулира верниот народ. Една од најбесмислените манипулации со коишто се служи, е тоа дека тој е расчинет само од Струмичката Епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот Архиепископ. Бидејќи не е првпат од овој расчинет и отпаднат од Црквата човек да се злоупотребува името и авторитетот на поглаварот на МПЦ – ОА, на верниот народ му предочуваме како навистина стојат работите во однос на расчинетиот Боро Милчев, секако потврдено со официјални документи од МПЦ – ОА, кои ви ги предлагаме на увид под соопштението.

Како што е познато Епархискиот Црковен суд на 19.05.2021 година донесе одлука за негово расчинување, којашто на 23.09.2021 година беше потврдена и од Архиепископскиот црковен суд, и најпосле беше потврдена и потпишана и од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Накратко кажано, што значи ова!? Значи дека сѐ што прави овој човек нема легитимност од Црквата, од Светиот Дух Господ, Кој ја оживотворува и устројува Црквата. Кутрите деца што се „крстени“ од него остануват некрстени, венчаните остануваат невенчани, осветените домови се попрво осквернети отколку осветени, и тоа не само за МПЦ – ОА, туку и за сите останати помесни православни Цркви, несреќниот статус на овој човек е ист, бидејќи Црквата е една.

Затоа ги информираме излажаните верници да го контактираат единствениот канонски свештеник на МПЦ – ОА во Пјаченца, отец Климент Мишањ, или пак, во епархиите на МПЦ – ОА во нашата татковина од каде што потекнуваат, да се крстат и венчаат во Православната Црква, оти не може во име на Црквата да прави ништо оној што отпаднал и е надвор од Црквата, како што е Боро Милчев. А, што се однесува до оние што свесно го креираат тоа расколничко дувло и го потпомагаат овој расколник, по соодветниот допис од Европската православна епархија на МПЦ – ОА, во нашата Црква ќе бидат третирани исто како и расчинетиот Боро Милчев, сѐ додека не се покајат и вратат во послушание кон МПЦ – ОА.”

Од Канцеларијата на Струмичката православна епархија на МПЦ – ОА

By Ѓ. K.