Од центарот за јавно здравје, Гевгелија, информираат дека шесте случаи на КОВИД 19 што вчера ги објави министерстовто за здравство во Гевгелија, всушност се жители на Дојран коишто се тестирани во овој центар. Со тоа, бројот на заболени во Дојран се искачи на седум.
Според информациите од епидемиологот на Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, доктор Сашко Олумчев, во изолација во општина Дојран се ставени и 20 лица, кои имале контакти со овие нови случаи во оваа општина.