Двајца пациенти позитивни на Ковид-19 починаа од компликации поради инфекцијата, дознава Алсат. Согласно информациите со кои располагаме, едниот од починатите е од Куманово, а другиот од Прилеп. Со ова, вкупниот број на починати лица достигна 34 лица.
Во последниве 24 часа во земјава се регистрирани 49 новозаболени пациенти од Ковид-19, дознава Алсат. По градови: Скопје -13, Куманово – 14, Штип -6, Прилеп – 8, Велес -6, Кочани-1, Гостивар -1. Со ова вкупниот број на заболени во Македонија достигнува 760 лица.