• Fri. Nov 22nd, 2024

Ранливи групи граѓани од Гевгелија ќе бидат вработувани во производство на еко плочки

ByВане Трајков

Jan 29, 2023

Ранливи групи граѓани од Гевгелија ќе бидат вработувани во производство на еко плочки за надворешна употреба. Станува збор за проект што се реализира од страна на Здужението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади „Еко Лајф“ од Гевгелија, а целта е воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување

Драгица Чобанова, координаторка на проектот вели дека проектот почна од октомври 2022 година и ќе трае до август 2023 година.

,,Овој проект е насочен кон промовирање на совесно управување со отпадна ПЕТ пластика и промоција на кружна економија, односно рециклирање на отпадна пластика и нејзина реупотреба во целосно нов сертифициран производ – еко плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика, за кое што производство се ангажирани/вработени лица припадници на ранливи категории на граѓани, кое производство/функционирање ќе биде со тенденција да премине во социјално претпријатие – појаснува Чобанова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *