На 36 основни и 13 средни училишта под надлежност на општините и на Град Скопје им се одобрени барањата по јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од буџетот од Министерството за образование и наука, кое на својата веб-страница ги објави ранг-листите на проектите од прифатените апликации доставени до 15 април 2021.
Според резултатите од јавниот повик што ги објави МОН, со пари од Министерството ќе се финансиираат различни реконструктивни зафати во училишта во населени места кои припаѓаат на општините: Крушево, Куманово, Новаци, Валандово, Свети Николе, Маврово и Ростуше, Кавадарци, Сарај, Берово, Радовиш, Гевгелија, во основни училишта во општините Ресен, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Илинден, Кочани, Делчево, Прилеп, Куманово, Гостивар и во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел и Аеродром
Јавниот повик e отворен, без рок за поднесување на апликациите (барањата) и е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, а оценувањето (бодирањето) и рангирањето на пристигнатите апликации, според наведеното во Повикот, ќе се врши секоја година во неколку пресеци годишно.