• Fri. Nov 22nd, 2024

Ракометарките на Струма – Геотермика иако најмлади сепак трети на турнирот ФИЛИА во Солун

ByВане Трајков

May 28, 2018

Ракометарките на Струма-Геотермика го освоија третото место на турнирот ,,Филиа,, во Солун Грција што го организираше тамошниот Аеп Хонда-Панорама.  Стануваше збор за турнир за генерација 2002-2003 каде струмичанки настапија  со далеку помлади ракометарки, односно со генерацијата 2004 па дури и 2007 мата. На турнирот учествуваа пет екипи  сите од Грција со исклучок на младите струмичанки кои како најмлад состав однесоа две победи  во четири натпревари.

Во спортскиот центар Микра  струмичанки прво претрпеа пораз од Орфеас Катерини со 17:14 но во следниот дуел  Струма Геотермика  славеше против тимот на Филипос од Верија. По поразот од домаќинките  Аеп Хонда со 18:24 во борбата за третото место избраничките на Мите Белмезов го совладаа  составот на Панатенаикос со 20:13.

Стручниот штаб на РК Струма Геотермика на турнирот замина со 23 ракометарки кои имаа шанса сите да настапат на овој интернационален турнир организран од Аеп Хонда кој  најави учество на турнирот што женскиот ракометен струмички клуб ќе го организира во декември по повод патронот на Струмица.

Инаку РК Струма-Геотермика ова сезона зеде учество во пионерската лига под капата на РФМ каде го освои 4 место во групата 1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *