Кадетите на Астарион во недела во спортската сала Парк во Струмица го играат клучниот натпревар за освојување на првата позиција во својата група која носи билет за пласман на завршниот турнир за шампиони во кадетската лига. Го пречекуваат тимот на Торо спорт од Виница кој во Струмица треба да биде совладан со што астарионци ќе ја превземат првата позиција и ќе играат за шампионската титула.
Екипата на Торо спорт е единствениот тим кој есенва им нанесоа пораз на младите струмичани со резултат од 21:20. Затоа во реваншот на свој терен во салата Парк им е потребна победа со повеќе од еден гол разлика за да може да играат за титулата кадетски првак на Македонија. Астраионци го можат тоа имајки во предвид победите изразени со повеќе голови разлика но е потребна подршка од струмичани
Расположението во таборот на РК Астрион е на потребното ниво . Младите надежи очекуваат полни трибини во салата Парк и подршка за продолжување на победоносниот од и заверка на фаворитската улога, иако гостинскиот тим не смее да се потцени.
Дуелот Астраион – Торо спорт е закажан во 19 часот во салата Парк. Само со победа астраионци ќе го исполнат зацртаното – пласман во фајнл форот кој може да се игра и во Струмица ако РК Астраион ја освои првата позиција.