За неполн месец младите џудисти од клубот ,,Сенсеи,, од Радовиш, повторно ги покажаа своите квалитети и докажаа дека се клуб со огромен потенцијал во Македонија. На Државното првенство за кадети и деца што се одржа во Прилеп а во организација на тамошниот џудо клуб ,,Сеишн, младите радовишани се закитија со девет сребра а само шест натпреварувачи не успеа да се качат на победничкиот трон.
Во категорија деца Илијана Ристов и Елена Ташкова ги освоија вторите места додека во категоријата кадети сребро освоија Ратко Костов, Ерсан Лика, Илина Ристова, Глорија Трајкова, Анастасија Ристова, Надица Спасова и Петре Јакимов
Пред две недели џудистите од Сенсеи од Радовиш се закитија со дури 11 медали на државното првенство во пионери и јуниори одржано во Битола. Радовишкиот клуб по пауза од две години повторно се активираше и благодарение на Наде Најдоска Ристов.