Ракометарите на Радовиш го меркаат плеј офот иако шансите им се сведени на минимум. Но за опстанок дефинитивно се најсериозни кандидати. Тоа го докажаа во синоќешниот контролен натпревар со Борец од Велес кој го декласираа со 31:24 во спротската сала во Радовиш пред повеќе од 300 посетители. Тимот на Радовиш кој по есенскиот дел со 14 бода е на петата позиција, најавува пролетна офанзива со победи и сигурна завршница од шампионатот . Оптимизмот доаѓа откако во редовите на РК ,,Радовиш’’ се врати ,,голгетерот,, Ивица Илиев кој заедно со Мирко Мајиќ и Борче Соколов треба да бидат ударната тројка за противничките мрежи
,,Работиме под „полна пареа“ за стартот на пролетниот дел. На 3/4 март го играме првиот натпревар од пролетниот дел во Скопје, против екипата на Металург 2, додека на 7/8 март, ќе го играме дуелот против РК Пролет од Скопје, дуел кој за нас е од големо значење и се надеваме на победа. Нашите очекувања се први да бидеме во плеј аутот. Нема да има голема конкуренцијата, а нашите очекувања исто така се победи во сите кола до крајот’’ информираа од клубот кои тврдат дека Радовиш стратешки размислува за правење силен тим за излез во ракометна Европа па така уште од сега се темпира формата со оглед на квалитетниот подмладок.