• Fri. Nov 22nd, 2024

Работилница за зголемување на учество на лицата со попреченост во изборниот процес

ByDimitar Micev

May 22, 2018

Лицата со попреченост да гласаат на ист начин како и другите луѓе, да го остварат своето право самостојно и директно да учествуваат во политичкиот живот. Ова е главната цел на проектот „Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес“, чиј организатор е Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива„ во соработка со Државната изборна комисија. Претседателот на Здружението „Инклузива„, Благица Димитровска рече дека на лицата со одземена деловна способност им се оневозможува правото на глас, па дури се бришат од избирачкиот список. Како што посочи Димитровска, ова треба да се смени и да има промени во Избирниот законик.

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива„ имаат потпишано Меморандум за соработка со Државната изборна комисија. Истиот е направен во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти.

Работилницата е со тема: „Комуникација и пристап кон лицата со попреченост“. Сесиите се состојат од интерактивни презентации, насоки и примери за ефикасен пристап и комуникација со лица со различен вид на попреченост, наодите од истражувањето за Учество на лицата со попреченост во изборниот процес во РМ и насоки за организирање на пристапни избори (едукација,материјали и информирање). Проектот „Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес“ е поддржан од Американската амбасада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *