• Sat. Nov 23rd, 2024

Работата на кафулињата ограничена до 18.00 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за воведување дополнителни мерки како превенција од ширењето на коронавирусот.

Меѓу нив е и одлуката кафетериите и рестораните да го скратат работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполоват капацитетот на присутни гости, за да има дистанца меѓу нив.

Се препорачува меѓу гостите на локалите да има оддалеченост од 1,5 до 2 метра, посочи министерот.

Тој кажа дека се затвораат и сите места каде што се собираат граѓани, како вежбалници, кина, театри и обложувалници, а се откажуваат и сите кино-проекции, театри и концерти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *