Пуштен во употреба водоснабдителниот систем „Јужна Вардарска долина“
2150 хектари обработливо земјоделско земјиште во валандовско добива систем за наводнување. Денес предаден системот „Јужна Вардарска долина“, а земјоделците од овој регион кои најмногу и ќе го користат истиот ги запрашаа денес владините претставници, ресорниот министер и Премеирот, дали може барем една година да бидат ослободени од плаќање или да бидат субвенционирани
Премиерот одговори дека секогаш ги следеле интересите на граѓаните, а заменик претседателот на Влада вети дека инвестирањето во водостопанската инфраструктура ќе остане во приоритетната листа, која се овозможуваат доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини во валандовскиот регион.
Ресорниот министер Хоџа, очекува максимална искористеност на водоснабдителниот систем , а со тоа и поголеми приноси и земјоделски род во една од најплодните долини во земјава.
Проектот е вреден 24 милиони евра и се финансира преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка “KFW” и со средства од Владата на Република Северна Македонија.