• Mon. Nov 25th, 2024

Публиката скандираше, Дориев дебитираше, Македонија славеше !

Фудбалерот на ,,Академија Пандев,, Лупче Дориев конечно дебитираше во дресот на македонската репрезентација која вечерва на стадионот ,,Младост,, со 4:0 славеше против селекцијата на Лихтенштајн во последниот кфалификациски меч за СП во Русија.  По водството на Македонија од 4:0, публиката на ,,Младост,, во неколку наврати го скандираше името на Дориев, па селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски во 78 минута на местото на Енес Барди го внесе момчето од Зубово кое при секој контакт со топката, публиката го бодреше.

Дориев беше вториот струмичанец кој вечерва играше против Лихтенштајн ако се има во предвид дека до 64 минута играше неговиот ментор, искусниот Горан Пандев кој беше заменет со Адеми

Муслиу, Трајковски, Барди и Адеми беа стрелците за Македонија вечерва против Лихтенштајн

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *