• Thu. Nov 21st, 2024

Професор Шахин: Животот ќе се врати во нормала до следната зима

Ефектот на новата вакцина против Ковид-19 ќе се почувствува значително во текот на претстојното лето, а  треба да се врати во нормала до следната зима, тврди еден од креаторите на вакцината, професорот Угур Шахин, косопственик на „Бионтекс“.

Шахин верува дека оваа зима сепак ќе биде тешка бидејќи вакцината нема да има големо влијание врз бројот на новозаразени, пишува Би-би-си.

Во интервју за Би-би-си, професорот Шахин изјави дека е убеден дека вакцината ќе го намали преносот на вирусот меѓу луѓето и со тоа ќе спречи развој на симптоми кај луѓето кои се вакцинирани. Тој додаде дека можно е и вакцината да го преполови преносот на вирусот, што би било од големо значење.

Откако беше објавена веста за првата ефикасна вакцина против коронавирус во светот, сер Џон Бел, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Оксфорд, рече дека животот може да се врати во нормала до пролетта.

Но, проф. Шахин верува дека ќе биде потребно повеќе време за повторно да се нормализира животот.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *