„Децата од нашите најдобри гимназии немаат основни знаења и вештини за животот. Единствената цел им е да добијат добра оценка, а кога ќе им кажете да одат на пазар и да купат јаболко делишес, тие не знаат за што зборувате – тогаш в станува јасно дека нешто мора да се промени од темел“, изјавува за BBC на српски Ана Вељковиќ, професорка по географија од Ниш.
По трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога малолетниот К.К уби девет ученици и чуварот на училиштето, имаше повеќе наставнички, ученички и стручни предлози за нешта кои мора итно да се променат во училиштата.
Овие предлози, како и наставниците со кои BBC разговараше на српски, истакнуваат дека кратко е времето за работа со децата, недоволно финансии и простор за напредок, како и можност за казнување на учениците.
„Ученик може да ви се качи на глава, а вие не му можете ништо“, вели Далибор Тодоровиќ, професор по информатика од Ниш.