Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во населеното место Муртино се одржа предавање на тема „Противпожарна заштита од природни непогоди и безбедност од најразлични непогоди“ од претставници на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. На предавањето учествуваа ученици од 6-то до 9-то одделение и сите предметни наставници. Учениците беа запознати со улогата на противпожарната единица, нејзината организација и делување, постапката при одредени ситуации, употребата на противпожарен апарат и најразлични ситуации кои може да предизвикаат пожар и други несреќи.