EurActiv во текст насловен „Протече скопски документ што ја разоткрива коалицијата на затворените граници“, тврди дека има писмо што македонската држава го испратила до неколку членки на Европската унија, во кое се опишува што сѐ ѝ треба за контрола на границата со Грција.
Македонија, според писмото, порачала опрема за контрола на масите бегалци, а меѓу останатото оружје со гумени куршуми – од пушки преку шок бомби и гумени гранати, потоа акустични уреди, како мегафони, електрошкери, повеќе видови солзавци, шлемови со визири, панцири, лисици, апарати за гаснење пожар.
Земјава наводно барала и градежна опрема за градење утврдувања, материјали за изградба на 300 километри заштитна ограда, како и на камп за 400 луѓе. Според EurActiv во писмото имало и барање за покривање на месечните трошоци на Македонија за персонал, за возила и за излегувањето на војската на теренот.