Членови на Независниот полициски синдикат од Струмица и Радовиш со 50 тина автомобили протестираа за како што велат неоправданата и незаконска кривична пријава,, Убиство во обид,, против нивниот колега кој пред десетина дена испука куршум кој заврши во две малолетни момчиња од Радовиш. Според нив, полицискиот службеник на 11 август постапил согласно правилникот за работа и во рамките на законските овластувања бидејки бил нападнат од момчињата кои со часови бегале од полицијата и не ги слушале наредбите да застанат за контрла
,,Истрагата и судот ќе ја каже вистината но не е така како што е прикажано во јавноста. Колегата правилно дејствувал во дадениот случај од 11 август. Со оглед дека досега во МВР се поставуваа кадри на високи позиции со несоодветно образование кои одлучуваа и за овој настан, бараме од министерот да се посвети на овој случај и да ги направи потребните промени пред се во одделот за внатрешна контрола,, кажа Ацо Балтовски од незавинсиот синдикат од Струмица.
Првиот човек на полицискиот независен синдикат Гоце Делчев истакна дека синдикатот и во иднина ке застане во одбрана на колегите доколку неосновано се теретат за одредени дела и не се докаже нивната вина. Тој кажа дека ова е прв ваков протест но не знчаи дека ќе ги нема ако некој сака надвор од законот да си погирува со униформираната полиција
,, Се што е во интерес на државата се ќе превземеме . Ако денес застанаа 50 тина полицајци во одбрана на својот колега и вас и македонската јавност ја уверувам се што е поицаец ќе го кренеме на нозе во случај ако и понатму се покренуваат прашања кои задираат во емтовината страна на полцисикиотслужбеник и се работи спротивно на законот,, рече Делчев
Протестниот марш со возила започна од Радовиш кон Струмица каде со сирени полицајците го изразија револтот што службени лица на МВР постојано се на удар на граѓани кои го кршат законот а потоа полицијата ја погласуваат виновна а згора не одредени политички партии прават линч за случајот
На 11 август по пријава за кражба на браната Мантово пет момчиња од Радовиш бегале од полициска контрола. Биле пресретнати кај градската капела во Струмица каде при обид да бидат неутрализирани и приведени полициски служебник кој испукал куршум при што ранил две момчиња едно во градите друго во ногата.
МВР му пондесе кривична пријава ,, Убиство во обид,, бидејки постапил спротивно од законот за полиција при што неоправдано и неосновано употребил огнено оружје за присилба. Јавното обивнителство на полицаецот му ги одземе патните исправи, и нареди да се јавува редовно во струмичкиот суд се до целосно расветлување на случајот.