Активистите против рудници од Југоистокот со протестен марш и блокади во Валандово побараа Владата да доне итни одлуки за стопирање на изградбата на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол. Тие денескадва часа протестираа и го блокираа патниот правец кон Гевгелија и Скопје барајки стопирање на сите активности за рудниците и ревизија на издадените концесии
,,Бараме мораториум на изградбата на рударските комплекси Казандол кај Валандово, Иловица кај Струмица и Боров Дол кај Радовиш. Стопирање и ревизија на сите 86 доделени концесии, формирање на работна група со претставници од министерствата и граѓанските здруженија со цел транспарентен преглед на сета документација за издадените дозволи и концесии и изготвување на кумулативна стратешка оценка за влијание на животната средина од сите 86 додоелени концесии од независни експерти,, кажаСимона Гетова од иницијативата Спас за Валандово , се барањата на активистите кои планираат да ги испорачат до Владата и министерства задолжени за издавање дозволи и концесии за рудници.
Новите протести се резултат на револтот кај активистите, бидејки ресорните министерства и Владата на чело со премиерот Заев не преземаат конкретни чекори за стопирање на постапките околу отварање рудници во Југоистокот познат како земјоделски регион. Од таа причина, тие се обединија во неформална асоцијација на граѓански иницијативи и здруженија „Југоистокот против рудници“, чија цел ќе биде борба против отворањето на рудници со отворен коп во Македонија.
Освен во Валандово денеска имаше протест пред Владата во Скопје во знак на поддршка на активистите од Југоистокот против отварање на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол.