Околу 3 милиони луѓе излегоа на улиците во 200 градови во Бразил
повикувајќи го претседателката Дилма Русеф да поднесе оставка поради корупциските истраги
што се водат против неа и поради најголемата рецесија во последниве години.
Во текот на оваа недела, претседателот на Долниот дом на Едуардо Куна,
политички противник на Русеф, се очекува да формира комисија во која тој нема да учествува, а
која ќе ја започне постапката за импичмент на Дилма Русеф поради тврдењата
за фискални малверзации.
Организаторите тврдат дека околу 1 милион луѓе демонстрираа на улиците во Рио де Жанеиро.