• Fri. Nov 22nd, 2024

Протестен собир на земјоделците од регионот- се жалат дека половина од субвенциите за 2015 година не се исплатени

Рокот за исплата на субвенциите за 2015 година измина пред речиси еден месец, но струмичките земјоделци се жалат дека досега ниту половина од планираните не се исплатени. Славчо Глигоров од Градашорци, кој се занимава со одгледување на тутун, вели дека земјоделците сеуште ги немаат добиено субвенциите, иако им било ветено дека до 30 јуни целосно ќе им бидат исплатени.

На денешниот протестен собир, земјоделците од регионот го искажаа своето незадоволство и од неделните откупни цени за земјоделските производи. Тие јавно го повикаа министерот за земјоделство, Михаил Цветков и побараа да се почитува договореното и веднаш да се објават цените на неделна основа.

И земјоделците се жалат дека не се почитува новата мерка за неделни откупни цени, која стапи на сила од први јули годинава.

Земјоделците побараа да се склучи и договор помеѓу градинарите и претставници од конзервната индустрија со посредство на Министерството за земјоделство, околу утврдување на цените на градинарските производи.

Незадоволството кај земјоделците од регионот е како што велат поради лошата економска состојба и условите во кои работат.