• Sun. Nov 24th, 2024

Пронајден оригиналот „Мадона дела Мелаграна“ на Ботичели што се сметаше за копија

Реставрирајќи копија од слика на Сандро Ботичели, реставраторите сфатиле дека во своите раце го држат оригиналното дело од мајсторот на ренесансата. Долго време сликата „Мадона дела Мелаграна“ којашто ја прикажува Богородица со Исус и калинка, се сметала за подоцнежна копија на ремек делото на ренесансниот уметник.

Фондацијата „English Heritage“ (Англиско наследство) која води грижа за збирката на англиското културно наследство минатата недела соопшти дека нејзините конзерватори го откриле делото додека симнувале слоеви од стари премази од сликата.

Конзерваторката Рејчел Тарнбул изјавила дека сликата била премногу слична до препознатливиот стил на Ботичели за да биде копија. „Беше вистинскиот период, технички премногу точна и насликана на материјал што се корсител во тоа време“, рекла таа за Би Би Си.

Оваа слика е најблиска до оригиналното дело кое е изложено во галеријата „Уфици“ во Фиренца. Славниот уметник правел копија на своите дела за да ги продава.

Реставрираната слика е сопственост на дијамантскиот магнат од 19 век, Џулиус Вернер и од денеска е изложена во лондонската галерија „Ренџерс Хаус“.

Најславни дела му се „Раѓањето на Венера“ и „Алегорија на пролетта“.

Раѓањето на Венера
Алегорија на пролетта

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *