• Sat. Nov 23rd, 2024

Пронајдени 17 мигранти на патот Струмица -Штип кај Радовиш

ByВане Трајков

Jun 27, 2020

Под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш синоќа околу 21.00 часот  од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

– Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него, соопштија денеска од МВР.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *