Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на караула „Гевгелија“ била пронајдена неексплодирана граната со калибар 155мм од Првата светска војна, соопшти МВР.
Увид бил извршен, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица.