Промоцијата на новиот двоброј (10-11) на Зенит и книжевен разговор со Дуња Илиќ во Europe House Струмица, по повод одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право.
Овој број на списанието Зенит е посветено на Дубравка Угрешиќ и како и секогаш домашната, регионалната и светската културна продукција и сцена. Присутните имаа можност да уживаат во книжевеното рандеву со специјалната гостинка Дуња Илиќ од Србија. Разговорот го водеше книжевниот критичар и писател Далибор Плечиќ.
Дуња Илиќ е уредничка и критичарка од Кикинда. Основните студии по општа книжевност и теорија на литературата ги завршила во Белград, како и магистерски студии по критичка теорија на Карловиот универзитет во Прага. Била член на жирито за регионалната награда „Улазница“ и наградата „Душан Васиљев“ за најдобро дело објавено во Србија. Уредила неколку романи и збирки раскази за Партизанска књига и издавачката куќа Јесенски и Турк. Нејзиниот есеј за автофикција беше објавен во збирката Помеѓу отпорот и трендот: тенденции во современата регионална литература (Културтрегер и Курзив, 2023). Таа е член на уредничкиот одбор на списанието Тема и редовен критичар на порталите Booksа и Kritika HDP, како и на месечниот литературен додаток Best Book на Express. Дуња е иднината на регионалната книжевна критика.