„Вијадукт трејд“ информира дека денеска и утре ќе се почне со изведување градежни активности при поставување индуктивни јамки на регионалниот пат Р1401, делница Валандово-Раброво и Раброво-Струмица (пред крстосницата), за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Од АМСМ ги предупредуваат возачите да внимаваат и да ги почитуваат ознаките на патиштата.