• Fri. Nov 22nd, 2024

„Пролетна љубов во септември“ – драмско музички перформанс на СОУ „Јане Сандански

ByВане Трајков

Apr 18, 2023

По повод патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица на 20 април (четврток) со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде изведен драмско-музички перформанс за младешката љубов, испреплетена со музиката и стиховите на најдобриот – Владо Јаневски, насловен „Пролетна љубов во септември“.

Околу 50 тина средношколци од Јане Сандански од Струмица заедно со професори од училиштето интензивно се подготвуваат за драмско музичкиот перформанс  ,,Пролетна љубов во септември“ со кој ќе го заокружат паторниот празник. Станува збор за концерт во кој средношколците ќе пеат, свират дел ќе глумат а додека трети со свои кореографии ќе изведат одредени кореографии.