• Sun. Nov 24th, 2024

Продуктивноста на одредени земјоделски култури се уште на ниско ниво

Македонските земјоделци честопати немаат информации за тоа кои култури најдобро успеваат во одредени региони што е еден од главните предуслови за зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на производот.

Токму затоа во изминатите две години во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО се работеше на проект со кој се анализираа 10-те најзастапени земјоделски култури во земјава во различни географски региони. Изработен е и агроеколошки информативен систем кој е бесплатен, а нуди информации за карактеристичките на земјиштето, како што се квалитетот на почвата, климатските услови, приносите и профитабилноста…..

Според Ченг Фанг од ФАО, македонското земјоделство е еден од најзначајните економски сектори во земјава, но тоа се одликува со помала продуктивност во однос на просекот во Европската унија.

– Македонското земјоделство има направено голем напредок во многу области, но продуктивноста и приносите на одредени култури се се уште на ниско ниво во споредба со другите европски земји. Имаме разновидност во поглед на земјоделството и културите и тие се доста конкуретни, но имаме и области и делови кои не се толку. Еден од резултатите кои беа направени е дека имаме локална детална анализа за тоа каде има најголем потенцијал за производство, изјави Фанг по денешната презентација на резултатите од проектот за агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделско производство.

Препораките од проектот, според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, се важни за креирањето на идните земјоделски политики.

– Опфатени се подрачја на целата територија и направени се повеќе мапи каде се земени предвид квалитетот на почвата и климатските промени со цел да се дојде до една оптимална препорака до самите змејоделци и бизнис секторот кои подрачја се најпогодни за одредена земјоделска култура да ги даде максималните резултати, рече Димковски, додавајќи дека она за што можеби треба да се размисли во иднина е дополнителните субвенционирања да одат по реони.

Во рамки на проектот беше направена проценка на земјишните ресурси заснована на почвени, теренски и климатски карактеристи и се даде приказ на производствените и економските капацитети на 10-те најзастапени земјоделски култури низ различни географски региони во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *