Денес градоначалникот Анго Ангов и претставници од Министерството за транспорт и врски, претставници од компанијата Геинг како надзор на проектот и претставници од општинската администрација, официјално направија вовед во градежните активности за изградба и реконструкција на улиците Никола Карев, Јане Сандански и Вељко Влаховиќ во Стар Дојран. Се работи за реконструкција на улици во должина од 1,3 км, а средствата се обезбедени преку Програмата за локални патишта, преку Министерството за транспорт и врски, а финансирано од Светска Банка.
„Заедно со претходните три централни улици во населените места Фурка, Црничани и Николиќ кои во моментов се работат и се во завршна фаза, преку оваа Програма успеавме да реализираме над 5км локални улици во нашата општина. Продолжуваме со забрзано темпо да ја возобновуваме патната инфраструктура во нашата општина“, најави Ангов.