Градежната офанзива продолжи и оваа работна недела.
По машинското гребење, денеска втор слој асфалт започна да се става на улицата „Младинска“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“.
Овој градежен зафат се реализира на вкупна површина од 4.351,60 метри квадратни, односно должина од 480 и ширина од 9 метри.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.298.928 денари обезбедени од општинскиот буџет.