• Sat. Nov 23rd, 2024

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции до 30 ти јуни

ByВане Трајков

May 26, 2021

Владата на последната седница ја усвои измена на уредба со која се продолжува рокот за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година од 31 мај, на 30 јуни 2021 година со цел да се овозможи сите земјоделски стопанства да аплицираат за финансиска поддршка. Воедно се прави измена и се намалува бројот на пчелни семејства од 15 пчелни семејства на 5 пчелни семејства за производители кои имаат ограничени услови на производство.

Досега се поднесени над 40.000 барања за субвенции, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.Аплицирајте online на www.ipardpa.gov.mk или посетете ги подрачните единици на МЗШВ и добијте бесплатна помош при аплицирањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *