• Fri. Nov 22nd, 2024

Проверете си го мејлот, УЈП од денес почнува да ги испраќа даночните пријави

Од денеска Управата за јавни приходи ќе започне да ги доставува пополнетите годишни даночни пријави за приходи остварени во 2018 година. Доставувањето ќе се прави на електронските профили коишто ги отворија даночните обврзници, а известување дека материјалот е доставен корисникот ќе добие на регистрираната е-маил адреса. Откако ќе ги провери податоците во пријавата, корисникот треба да ја потврди или да испрати корекција.  Испраќањето на пријавите УЈП треба да го спроведе најдоцна до 30 април.

Од УЈП информираат дека годишните даночни пријави ќе бидат доставени до сите 700 илјади даночни обврзници, кои се регистрирани во нивниот систем, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.

Иако претходно беше предвидено и регистрирање на пензионерите, сепак потоа беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *