• Fri. Nov 22nd, 2024

Преку проектот ,,Туризмот иднина на регионот“ во Босилово ќе има спортско рекреативна патека

ByВане Трајков

Apr 26, 2023

Општинскиот центар Босилово до крајот на летото ќе добие спортско рекреативна трим патека вдолж реката Струмица во должина од околу еден километар на која ќе биде поставена и урбана опрема. Станува збор за проект што го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој при крајот на минатата година распиша тендер а деновиве почна изведбата. Градоначалникот очекува збогатување на туристичката понуда на Босилово.