• Sat. Nov 23rd, 2024

ПРИФАТИЛИШТА ЗА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА И СТРУМИЦА

Советот за развој на Југоисточниот плански регион вчера во Гевгелија ја одржа својата шестта седница, на која се расправаше за неколку предлог одлуки за аплицирање на ЈИПР по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Исто така, на дневен ред се најде и Предлог-Одлуката за селекција и аплицирање на ЈИПР по Грантовата шема од УНДП-проектот „Подобрување на општинското владеење“, која ја презентираше амбасадорката и постојана претставничка на Канцеларијата на ООН во Република Македонија, Лијза Винтон.

Југоисточниот плански регион за оваа Грантова шема ќе аплицира со проектот за уредување и набавка на потребната опрема на двете прифатилишта за бездомни животни во Гевгелија и Струмица, кои ќе се финансираат од Бирото за рурален развој на РМ и од сопствено учество на општините. Како што беше речено за прифатилиштата да ја играат својата одлука, неопходна е соодветѕна опрема за заловување на бездомните животни, општимални услови за транспорт, сместување, пружење на нега и интервенции. Затоа и мнозинството градоначалници – членови на Советопт за развој на ЈИПР гласаа со овој проект да се аплицира за Грантовата шема на УНДП, кој на секој регион во земјата за предложениот проект ќе им додели 33.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *